Скај Германија објави дека Челси се обидува да го ангажира Гранит Џака, зад оваа идеја стои Чаби Алонсо, кој во репрезентативецот на Швајцарија гледа лидер кој може да внесе стабилност и авторитет во средниот ред.
Изминативе години, фокусот на „сините“ беше на млади, перспективни играчи па во моментов најстар во тимот е Тосин Адарабиојо со 28 години.
Па спротивно на досегашната трансфер политика, Челси сега се обидува да направи изненадувачки трансфер и да го ангажира Гранит Џака.
Зад оваа идеја стои Чаби Алонсо, кој во репрезентативецот на Швајцарија гледа лидер кој може да внесе стабилност и авторитет во средниот ред, но и во тимот.
Тренерот на Челси добро го познава Гранат Џака, двајцата успешно соработуваа во Баер Леверкузен, каде фудбалерот од средниот ред беше ден од од клучните играчи во освојувањето на историската двојна круна.
Скај Германија дури вели дека Челси ги договорил личните услови на Гранит Џака и сега ќе отвори преговори со Сандерленд за висината на трансферот.