Загриженост во Манчестер јунајтед: Фудбалерот кој требаше да биде продаден, заработи тешка повреда

by bojan
1 минути читање
Угарте изнесен на носилки, Манчестер јунајтед стравува за тешка повреда

„Ѓаволите“ се во мала паника откако утрово на натпреварот помеѓу Уругвај и Шпанија, повреда заработи Мануел Угарте и се стравува дека фудбалерот од средниот ред ќе паузира подолго време, а тоа ќе влијае и врз трансфер плановите.

Манчестер јунајтед ова лето сака да прави реконструкција во средниот ред и веќе го договори Едерсон од Аталанта во зделка вредна околу 45 милиони евра.

Клубот од „Олд Трафорд“ планира да донеса барем уште едно засилување за овој дел од тимот, и со цел да за да приберат пари, Мануел Угарте беше ставен на продажба.

Но „ѓаволите“ сега се во мала паника откако утрово на натпреварот помеѓу Уругвај и Шпанија, Мануел Угарте заработи повреда по еден судар со соиграч.

Настрада неговото колено, тој на носилки беше изнесен со болна гримаса на лицето, и се стравува дека се работи оштетување на лигаментите и долга пауза.

Доколку се потврдат најцрните прогнози, речиси сигурно е дека потенцијалните купувачи ќе се повлечат, па Манчестер јунајтед ќе мора да бара алтернативни решенија, и да се обиде да продаде други играчи за да ги обезбеди средствата потребни за реконструкцијата на тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×