Ништо од трансферот, Нејмар ги прекина преговорите со клуб од МЛС

by 24 фудбал
1 минути читање

Бразилската ѕвезда Нејмар нема да ја продолжи кариерата во Синсинати, откако ги прекина преговорите со клубот од МЛС лигата.

Според „Атлетик“, разговорите меѓу двете страни траеле неколку месеци, а челниците на американскиот клуб дури отпатувале во Бразил на средба со Нејмар и неговиот татко.

Иако напаѓачот беше подготвен да се пресели во САД доколку условите бидат соодветни, официјална понуда никогаш не пристигнала, по што решил да стави крај на преговорите.

Сепак, можноста Нејмар во иднина да заигра во МЛС останува отворена. Неговиот договор со Сантос истекува на крајот од годината, а по враќањето во матичниот клуб досега одигра 15 натпревари со учинок од шест гола и четири асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×