Дејли Мејл објави дека Тотнем и по втор пат тропнал на вратата на Њукасл за ангажман на Сандро Тонали, но експресно добил негативен одговор.
Роберто Де Зерби го идентификуваше својот сонародник Сандро Тонали како идеално засилување за средниот ред на „спарси“, па Тотнем тргна по потписот на Италијанецот.
Клубот од Северен Лондон веќе достави еден предлог вреден околу 75-80 милиони фунти, а како што пренесува Дејли Мејл, Тотнем и по втор пат тропнал на вратата на Њукасл.
Сепак, на Сент Џејмс Парк останале зачудени откако „спарси“ наместо да испратат подобрена финансиска понуда, побарале повторно да биде разгледана првичната понуда.
Њукасл не сакал ниту да слушне за таква можност и уште еднаш јасно ставил до знаење дека нема намера да попушти во преговорите.
Се говори дека популарните „страчки“ бараат околу 100 милиони фунти за разделба со Сандро Тонали.