Голем број на извори пренесуваат дека Челси ја добива битката за потписот на Марко Палестра, „сините“ со многу повеќе пари успеаја да го украдат десниот бек од Интер.
Интер го идентификуваше Марко Палестра како еден од приоритетите ова лето, особено откако стана јасно дека Дензел Дамфрис ќе се пресели во Реал Мадрид.
По долго преговори со Аталанта, двата клуба оваа недела начелно постигнаа договор за трансфер вреден околу 50 милиони евра сосе бонуси.
И кога требаше само да се испеглаат деталите, Челси тропна на вратата на Аталанта и понуди 55 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.
Клубот од Бергамо му дал одврзани раце на Марко Палестра да одлучи каде ќе се пресели, а десниот бек го одбрал Лондон откако „сините“ му понудиле плата од околу 6,5 милиони евра по сезона, двојно повеќе од она што го понудил Интер (околу 3 милиони евра).
Интер не може да се носи со вакви суми, па прифатил пораз и ќе се насочи кон други цели, а Чаби Алонсо ќе го добие првото засилување на кормилото на Челси.
ФОТО: X/Cagliari Calcio