Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер во историјата кој постигнал гол на шест Светски првенства, напаѓачот вечерва два пати ја тресеше мрежата на Узбекистан во убедливата победа на Португалија од 5-0.
Откако доби многу замерки по првото коло, Кристијано Роналдо вечера им одговори на критичарите со два гола против Узбекистан.
На ЦР7 му требаа само шест минути за да се запише во листата на стрелците, по една нафрлена топка на Кансело, напаѓачот одлично реагираше на поблиската статива и донесе 1-0.
Овој погодок беше историски, Кристијано Роналдо стана првиот играч кој постигнал гол на шест Светски првенства.
History for @Cristiano! 🇵🇹
— FIFA (@FIFAcom) June 23, 2026
Cristiano Ronaldo has become the first player to score in six different @FIFAWorldCup tournaments! ⚽️ pic.twitter.com/qI1Zvt0uJS
По раното водство, Португалија продолжи да притиска, па преку Мендеш од слободен удар зголеми на 2-0, а пред крајот на првиот дел, Роналдо со својот втор гол донесе 3-0.
По еден час игра, играчите на Узбекистан сами си ја затресоа сопствената мрежа, автоголот му беше препишан на голманот Нематов.
Конечните 5-0 ги постави Леао во 87. минута, фудбалерот на Милан од врвот на шеснаесетникот биеше неодбранливо во аголот.
ФОТО: X/Portugal