Медиумите од Италија пренесуваат дека „старата дама“ остварила контакт со агентите на Пауло Дибала и опипала терен за шокантно враќање на Аргентинецот.
Еден од приоритетите на Јувентус на трансфер пазарот ова лето е засилување на нападот, и изминатиов период често се шпекулираше со ангажман на Рандал Коло Муани од ПСЖ и Александер Сорлот од Атлетико Мадрид.
Но последните информации велат дека „старата дама“ размислува за сензационален трансфер и шокантно враќање на Пауло Дибала.
Аргентинецот во моментов е слободен играч и преговара со Рома за продолжување на соработката.
Но разговорите тапкаат во место, па Јувентус остварил контакт со агентите на напаѓачот и опипал терен за можноста Пауло Дибала повторно да го облече „бело-црниот“ дрес.
Останува да се види дали клубот од Торино ќе преземе конкретни чекори за реализација на трансферот.