401
ЖФК Скопје ги дозна противниците на патот кон групната фаза во Лигата на шампионките, откако денес беше одржана ждрепката за првата квалификациска рунда.
Македонскиот шампион ќе настапи на мини турнир со четири екипи, а во полуфиналето ќе се соочи со ирскиот Атлоне Таун.
Доколку успее да избори пласман понатаму, Скопје во финалето ќе игра против победникот од натпреварот меѓу полски Чарни Сосновиец и грузиски Нике.
Турнирот ќе се одржи во периодот од 22 до 25 јули, а дополнително ќе биде одреден и домаќинот на квалификацискиот циклус.