„Спарси“ се подготвени да го соборат сопствениот трансфер рекорд за да го донесат Сандро Тонали, се подготвува понуда вредна околу 100 милиони фунти сосе бонуси.
Тотнем пред месец дена грчевито се бореше за опстанок и ризикуваше да испадне во втора лига, но откако го задржа статусот во елитата, тргна да троши огромни суми на засилувања.
Вчера беше договорен трансферот на Јан Пол ван Хеке од Брајтон во зделка вредна околу 52 милиони фунти.
Се водат напредни преговори и со Манчестер Сити за ангажман на Савињо за околу 60-70 милиони фунти, но трансфер бомбата допрва доаѓа.
Роберто Де Зерби го гледа Сандро Тонали како клучниот човек околу кого ќе се гради новиот тим, според неговите планови, Италијанецот треба да биде лидерот на средниот ред и еден од главните двигатели на проектот што треба да го врати Тотнем на самиот врв на англискиот фудбал по неколку разочарувачки сезони.
Двајцата веќе разговарале, на Сандро Тонали му се допаднало она што го слушнал од својот сонародник, па веќе дал зелено светло за преселба во Северен Лондон. „Спарси“ сега ќе достават понуда до Њукасл, се говори за 80-85 милиони фунти како фиксен дел, плус бонуси со кои ќе може да се стигне до 100