Како што пренесува „Газета“, Арсенал е многу блиску до реализација на трансфер од редовите на Рома.
Клубот од „Емирати“ веќе ги договорил личните услови со играчот од средниот ред на „волчицата“, а станува збор за Ману Коне.
Французинот подолг период беше следен од Интер, Арсенал и Атлетико Мадрид, но лондонскиот гигант прв направи конкретен чекор и веќе стапил во контакт со неговите претставници, постигнувајќи договор за условите.
Сепак, за трансферот да биде реализиран, Арсенал ќе мора да постигне договор и со Рома, бидејќи Коне сè уште има важечки договор со италијанскиот клуб.
Рома се соочува со потреба да реши одредени финансиски прашања пред 30 јуни поради правилата на УЕФА, а продажбата на Коне би можела значително да ја подобри ситуацијата. Се очекува „волчицата“ за неговиот трансфер да инкасира околу 50 милиони евра.