Официјално: Давид Силва е нов фудбалер на Реал Мадрид

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид официјално го промовираше Бернардо Силва како свое ново засилување, откако португалскиот фудбалер стави потпис на договор со важност до летото 2028 година.

Искусниот играч од средниот ред, кој ова лето ќе наполни 32 години, се обврза на двегодишна соработка со „кралскиот клуб“. Во Мадрид веруваат дека неговото богато искуство, лидерски карактеристики и креативност ќе донесат дополнителен квалитет во тимот.

„Реал Мадрид и Бернардо Силва постигнаа договор според кој играчот ќе го носи дресот на нашиот клуб во следните две сезони, односно до 30 јуни 2028 година“, стои во официјалното соопштение на шпанскиот гигант.

Португалскиот репрезентативец во Мадрид пристигнува како слободен агент по завршувањето на неговата соработка со Манчестер Сити.

Силва денеска го очекува својот настап за португалската репрезентација на Светското првенство, каде што неговата репрезентација ќе се соочи со Конго во натпревар закажан од 19:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×