„Ѓаволите“ бараат 40 милиони фунти за продажба на Маркус Рашфорд, но оваа сума не важи за лутите ривали Ливерпул и Манчестер Сити.
Барселона до вчера имаше опција во целост да го купи Маркус Рашфорд за 30 милиони евра (околу 26 милиони фунти), но не ја искористи, па напаѓачот ќе се врати на „Олд Трафорд“.
Се говори дека Англичанецот нема иднина во дресот на „ѓаволите“, и летово ќе бара нов клуб.
Како што пренесува ЕСПН, Манчестер јунајтед поставил цена од 40 милиони фунти, која во никој случај нема да важи за два клуба – лутите ривали Ливерпул и Манчестер Сити.
Ниту еден играч директно не преминал од Манчестер јунајтед во Ливерпул уште од 1960-тите, а и трансфер помеѓу „ѓаволите“ и „граѓаните“ е реткост во последните години.
Последната голема зделка помеѓу ривалите од Манчестер беше онаа со која Карлос Тевез во 2009 го замени „Олд Трафорд“ со „Етихад“.