Едно од планираните засилувања му откажа љубов на Реал Мадрид

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува АС, Нико Паз го известил Реал Мадрид дека сака да остане уште една сезона во Комо, младото момче од Аргентина смета дека настапи под водство на Сеск Фабрегас ќе му донесат напредок и прогрес во кариерата.

По одличната сезона во дресот на Комо, Нико Паз се најавуваше како едно од засилувањата на Реал Мадрид ова лето, односно „кралевите“ ќе ја искористат опцијата да го вратат Аргентинецот во своите редови за 9 милиони евра.

Но како што пренесува АС, по последниот разговор на Нико Паз со Жозе Мурињо ја променил ситуацијата.

Младото момче не добило гаранции за минутажа на „Бернабеу“, па тој не сака да се врати во Реал Мадрид само за да дреме на клупа.

Затоа Нико Паз го известил Флорентино Перез дека сака да остане во Комо и под водство на Сеск Фабрегас да бележи напредок и прогрес во кариерата.

Па „кралевите“ нема да ја активираат клаузулата (опцијата истекува на 30. јуни), и ќе чекаат до следното лето, кога ќе имаат можност за 10 милиони евра да го вратат офанзивниот фудбалер во своите редови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×