Англија со принудна замена на ден пред стартот, Тухел повторно реши да го игнорира Арнолд

by bojan
1 минути читање

Репрезентацијата на Англија мораше да направи принуда замена во составот откако се повреди Тино Ливраменто, на негово место повик доби Тревор Чалоба, кој има само еден настап за „трите лава“.

Томас Тухел ја брануваше англиската јавност со изборот на составот за мундијалот во САД откако реши да изостави неколку звучни имиња.

Стратегот сега повторно изненади со одлуката откако мораше принудно да менува по повредата на Тино Ливраменто.

Бекот на Њукасл некако успеа на време да се опорави по повредата заработена во финишот од сезоната, но оваа недела доживеа нов пех, настрада листот на ногата, и тој мораше да се повлече.

На негово место повик доби Тревор Чалоба од Челси, кој има само еден настап за „трите лава“ и е класичен централен дефанзивец.

Со оглед на тоа дека Рис Џејмс е единственото природно решение за позицијата десен бек, многумина се прашуваат зошто Трент Александер Арнолд повторно извиси.

ФОТО: X/England

Можно е и ова да ти се допаѓа

×