101
Струга Трим Лум продолжува со засилувањата за новата сезона, откако постигна договор со 21-годишниот играч за врска Амир Нухија.
Нухија минатата сезона настапуваше за Шкендија Арачиново, каде беше меѓу најзаслужните за историскиот пласман на тимот во Првата македонска лига.
Својата фудбалска афирмација ја започна во младинските категории на Шкендија од Тетово, а во текот на кариерата кратко настапуваше и за Арсими. Потоа се врати во редовите на тетовскиот клуб, а потоа Нухија продолжи во Шкендија Арачиново каде што одигра клучна улога и беше капитен.
Стружани со овој трансфер добиваат млад и талентиран играч за врска, кој зад себе има одлична сезона во второлигашката конкуренција.