Каква легенда: Ибра на Американците им го пушти балканскиот хит по кој стана препознатлив (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Еден интересен момент со Златан Ибрахимовиќ од Светското првенство стана вистински хит на социјалните мрежи. Швеѓанецот кој за време на Мундијалот работи како стручен коментатор за американска телевизија, во студиото приреди неочекувана музичка атмосфера за своите колеги.

Од звучниците одекнуваше хитот Лепа Брена кој самиот Ибрахимовиќ уште повеќе го прослави во последните години и како да стана негов заштитни знак.

Најголемо внимание привлече реакцијата на Лалас, кој очигледно не беше запознаен со балканската музика.

„Кажете ми, како се вика групата и што пеат?“, праша збунето Лалас, предизвикувајќи смеа кај присутните во студиото.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×