Готово: Аморим се враќа, седнува на клупата на италијански гигант

by Стефан
1 минути читање

Португалскиот стратег Рубен Аморим е на чекор до нов тренерски ангажман, а неговата следна дестинација би требало да биде Милан. Како што објави познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, двете страни веќе постигнале договор за соработка до 2028 година, со можност истиот да биде продолжен за уште една сезона.

За Аморим ова ќе значи враќање на тренерската сцена по разделбата со Манчестер Јунајтед, каде што престојот не ги донесе очекуваните резултати. Пред англиската епизода, тој бележеше значајни успеси на клупата на Спортинг и се етаблираше како еден од најперспективните европски тренери.

Во редовите на „росонерите“ Аморим ќе го наследи Масимилијано Алегри, а пред него ќе биде поставена јасна задача, враќање на Милан во самиот врв на италијанскиот и европскиот фудбал. Клубот од „Сан Сиро“ минатата сезона не успеа да обезбеди место во Лигата на шампионите, па во новата ќе настапува во Лигата на Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×