Еден добар настап на Светско првенство и гигантите полудеа по него

by bojan
1 минути читање

Арсенал силно притиска за ангажман на 18 годишниот Ајуб Буади, Тотнем сака да му ги поремти плановите на својот локален ривал, а Лил трие раце.

По ремито помеѓу Бразил и Мароко, главна тема на разговор беше младиот Ајуб Буади. Иако Винисис Жуниор беше прогласен за играч на натпреварот, многумина сметаат дека вистинскиот херој на вечерва бил талентираниот фудбалер од средниот ред на популарните „атласки лавови“

18 годишното момче имаше маестрален натпревар, забележа најмногу контакти со топката (88), доби најмногу дуели (11) и комплетираше најмногу успешни додавања на противничката половина (30), мечот го заврши со импресивни 93% успешни додавања. Дополнително, успеа целосно да го надигра искусниот Касемиро, па и Бруно Гимараеш.

Овој натпревар беше доволна препорака за гигантите ширум Европа да тргнат по неговиот потпис, прв е Арсенал, кој направил конкретен напор за ангажман на Ајуб Буади.

Интересот на „топчиите“ не е од вчера, клубот со месеци го следи момчето и одржува постојано комуникација со неговите агенти. По импресивните настапи, особено сега на големата сцена, клубот од Северен Лондон ја засилува офанзивата.

Микел Артета е воодушевен од техничките способности, сестраноста и зрелоста на 18 годишниот Ајуб Буади, па му ветува редовен првотимски фудбал.

Тотнем исто така влече потези за ангажман на Ајуб Буади и сака да му ги поремти плановите на лутиот локален ривал.

Се говори дека скаути на Ливерпул биле на трибините на натпреварот помеѓу Бразил и Мароко, а Челси, ПСЖ и Баерн Минхен исто така го имаат фудбалерот во своите бележници.

Сето ова му оди во прилог на Лил, клубот трие раце и бара најмалку 70 милиони евра за продажба.

ФОТО: X/ Équipe du Maroc

Можно е и ова да ти се допаѓа

×