Курасао даде гол и ги налути Германците (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Германија ја запиша најубедливата победа досега на Мундијалот, совладувајќи ја селекцијата на Курасао со убедливи 7-1 во натпревар во кој избраниците на Јулијан Нагелсман доминираа од почеток до крај.

Германците влегоа како големи фаворити и тоа го потврдија уште од првата минута, со висок притисок и константни напади. Резултатот беше отворен веќе во шестата минута кога Нмеча ја затресе мрежата на противникот.

Иако Германија ја контролираше играта, Курасао успеа кратко да се ослободи од притисокот и да стигне до израмнување. Стрелец на голот беше Комененсиа во 21. минута и така малата островска селекција го постигна својот прв погодок во историјата на Мундијалите, момент кој сигурно ќе се памети во оваа земја и покрај убедливиот пораз.

До крајот на првото полувреме, Германците повторно ја презедоа контролата и преку Шлотербек и Хаверц од пенал заминаа на одмор со 3-1.

Доминацијата продолжи и во вториот дел, а конечните 7-1 ги поставија Мусиала, Браун, Ундав и Хаврец кој вторпат стрелаше.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×