Шкендија Арачиново нема намера лесно да се откаже од проверените сили, па клубот потврди дека Христијан Димов ќе остане дел од составот и во претстојната сезона.
Искусниот стопер беше еден од фудбалерите на кои стручниот штаб најмногу се потпираше во изминатиот период, а од клубот го истакнаа неговото значење во резултатите што ги оствари екипата во последните години.
Димов во Арачиново пристигна во летото 2024 година и брзо се наметна како важен дел од одбранбената линија. Тој потекнува од младинската школа на Вардар, а во текот на кариерата настапуваше и за Работнички, Интер Запрешиќ, Саса, Скопје и Куманово.
Зад себе има и настапи за репрезентацијата на Македонија до 19 години, а сега ќе продолжи да го носи дресот на Шкендија Арачиново и во новата сезона.