Иднината на Мохамед Салах повторно е една од главните теми во Ливерпул, но последните информации сугерираат дека Египќанецот би можел да остане на „Енфилд“ и покрај бројните шпекулации за заминување.
Во изминатиот период голем дел од медиумите најавуваа разделба меѓу двете страни, а дополнителни сомнежи предизвика и емотивното збогување што навивачите му го приредија на последниот домашен натпревар.
Сепак, ситуацијата се промени по заминувањето на Арне Слот. Новите околности во клубот влијаеле врз плановите на раководството, кое веднаш започнало разговори со агентот на Салах, Рами Абас Иса.
Според најавите, токму тие контакти отвориле можност египетскиот ас да остане во редовите на Ливерпул, иако до неодамна неговото заминување се сметаше за речиси извесно.