Човекот кој не се прослави во Манчестер е прв кандидат за клупата на Милан?

by 24 фудбал
1 минути читање

Милан работи на пронаоѓање на нов тренер, а според последните информации во преден план се наоѓа португалскиот стратег Рубен Аморим.

Иако во изминатиот период како сериозен кандидат се споменуваше Оливер Гласнер, наводно Австриецот повеќе не е прв избор на раководството на „росонерите“. Наместо тоа, Милан ги интензивирал контактите со Аморим и Матијас Џасли.

Португалскиот медиум „А Бола“ објави дека Милан веќе испратил конкретна понуда до Аморим. Станува збор за договор на две години со можност за продолжување на уште една сезона, додека платата би изнесувала меѓу 3 и 4 милиони евра годишно.

Дополнителна тежина на кандидатурата на Аморим ѝ дава и поддршката од Златан Ибрахимовиќ, кој наводно го гледа токму Португалецот како идеално решение за клупата на италијанскиот гигант.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×