Мекгин донесе победа за Шкотска на стартот од Мундијалот (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Шкотска со 1-0 го победи Хаити во првото коло на Светското фудбалско првенство, а единствениот погодок на натпреварот кој беше вреден три бода го постигна Џон Мекгин.

Натпреварот беше изедначен, а разликата ја направи погодокот кој го постигна Мекгин.

Шкотскиот фудбалер најдобро се снајде во една мешаница во 28. минута, топката дојде до него, тој биеше и со помош на противничките играчи заврши во мрежата од голот на Хаити.

На крајот се покажа дека овој гол беше пресуден Шкотска да тргне победнички на Мундијалот.

По првото коло Шкотска е прва во групата со три бода, пред Мароко и Бразил кои имаат по бод, Хаити е последен без бодови.

Во наредното коло Шкотска игра против Мароко, а Хаити ќе се сретне со Бразил кој на тој меч ќе ја бара првата победа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×