Капитенот на БиХ беше „жртва“ на новото правило на ФИФА

by 24 фудбал
1 минути читање

Капитенот на Босна и Херцеговина, Сеад Колашинац, влезе во историјата на Светското првенство како прв фудбалер санкциониран според новото правило што ФИФА го воведе за Мундијалот во САД, Канада и Мексико.

Станува збор за таканареченото „правило од пет секунди“, кое има цел да го спречи одолговлекувањето при изведување аут. Доколку судијата процени дека играчот намерно троши време, може да му го одземе поседот и аутот да му го додели на противничкиот тим.

Токму тоа се случи на натпреварот меѓу Босна и Херцеговина и Канада, кога аргентинскиот судија Факундо Раул Тељо реагираше по забелешките од канадската клупа дека Колашинац предолго чека со изведувањето. По кратката консултација, аутот беше досуден во корист на Канаѓаните. Искусниот дефанзивец на Аталанта така стана првата „жртва“ на новото правило, кое ФИФА го воведе со цел да ја зголеми динамиката на натпреварите и да го намали губењето време.

Босна и Херцеговина следниот натпревар на Светското првенство ќе го одигра против Швајцарија во четврток од 21:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×