Капитенот на Иран сподели неверојатна приказна од Мексико со вооружени членови на картел

by bojan
1 минути читање

Капитенот на Иран, Алиреза Јаханбахш раскажа интересна приказна од пред неколку години, кога како турист го посетил Мексико, тој и негов пријател биле запрени од вооружени членови на картел.

Поради војната помеѓу САД и Иран, долго време под прашалник висеше настапот на Иран на Светското првенство, на крајот момците на Амир Галенои решија да се појават на мундијалот и во моментов се сместени во Тихуана, наместо во Тусон, Аризона.

Капитенот на репрезентацијата Алиреза Јаханбахш сега седна на разговор со Ал Џазира, и наместо да говори за напнатата атмосфера поради војната, реши да сподели една анегдота од пред неколку години, кога како турист го посетил Мексико, тој и негов пријател биле запрени од вооружени членови на картел.

„Бевме во Тулум кога не пресретнаа луѓе со покриени лица. Не извадија од автомобилот и не претресоа, очигледно барајќи пари. Немавме ништо вредно кај себе, а тие бараа голема сума“ – раскажува Јаханбахш.

Ситуацијата добила неочекуван пресврт кога неговиот пријател им кажал дека се од Иран.

„Одеднаш почнаа да смеат. Им ги дадовме тие 30-40 евра што ги имавме во џеб и не пуштија без дополнителни проблеми“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×