Реал Мадрид имаше уште една сезона без трофеј но тоа не го спречи клубот од „Сантијаго Бернабеу“ да руши рекорди кога се во прашања финансиите.
Флорентино Перез оваа недела потпиша два нови договори, ја продолжи соработката со „Флај Емирејтс“ и „Адидас“.
И покрај тоа што две сезони во низа не се освојува трофеј, Реал Мадрид обезбеди побогата соработка од претходно па сега дресот е „тежок“ околу 300 милиони евра.
Новиот договор со главниот спонзор „Флај Емирејтс“ ќе носи по 100 милиони евра годишно, додека тој со производителот на спортска опрема, „Адидас“ ќе носи по 120 милиони евра годишно.
Ако на ова се додаде и договорот со ХП за спонзорство на ракавот, вреден околу 80 милиони евра по сезона, се стигнува до рекордна бројка од 300 милиони евра.
Вакви приходи од дресот нема ниту еден клуб, Манчестер Сити е втор со околу 220 милиони евра, додека Барселона и ПСЖ инкасираат околу 200 милиони евра по сезона.