Лидс сака да го ангажира Усман Диоманде од Спортинг Лисабон, „белите“ се подготвени да понудат околу 50 милиони евра за ангажман на дефанзивецот.
Усман Диоманде важи за еден од најперспективните дефанзивци па подолго време е на радарот на гигантите ширум Европа.
Се шпекулира дека фудбалерот на Спортинг е во бележникот на Арсенал, Манчестер јунајтед и Челси меѓу другите, но последните информации говорат за изненадувачки трансфер.
Неколку извори објавија дека Лидс е подготвен да го сруши сопствениот трансфер рекорд и на маса да стави 50 милиони евра сосе бонуси за ангажман на Усман Диоманде.
„Белите“ се свесни дека постои сериозен интерес за фудбалерот од Брегот на Слоновата коска, но веруваат дека навремена акција и брзата понуда би можеле да им донесат предност во битката за неговиот потпис.