„Никогаш не сум видел нешто вакво!“ – фудбалер на Интер сам седна на преговори и потпиша нов договор

by bojan
1 минути читање

Хенрик Мхитарјан ќе продолжи со Интер, фудбалерот од средниот ред прифатил помала плата и нов едногодишен договор.

Хенрик Мхитарјан има валиден договор со Интер до 30. јуни, изминатиов период често се најавуваше дека ќе стави крај на кариерата, но Ерменецот ќе продолжи со Интер.

Интересно е тоа што фудбалерот од средниот ред сам си ја договорил новата соработка, како што вели спортскиот директор на Интер, „Никогаш не сум видел нешто вакво!“.

Медиумите од Италија пренесуваат дека на инсистирање на тренерот Кристијан Киву, Хенрих Мхитаријан седнал на преговори, сам, без агенти, не поставил услови, ниту пак имал посебни барања.

Откако на кантар ги ставил сите опции, прифатил помала плата за уште една сезона во „црно-синиот“ дрес.

Во Интер сметаат дека неговото искуство, фудбалска интелигенција и карактер се од непроценлива вредност, па затоа и инсистирале на продолжување на соработката.

ФОТО: X/Inter

Можно е и ова да ти се допаѓа

×