Манчестер јунајтед беспари пушти тројца фудбалери за кои инвестираше околу 150 милиони

by bojan
1 минути читање

„Ѓаволите“ попладнево соопштија дека Џејдон Санчо, Касемиро и Тајлер Маласија се дел од играчите кои беспари ќе го напуштат клубот откако ќе им завршат договорите на крајот од месецот.

Клубовите од „островото“ овој период објавуваат список со фудбалери кои ќе си заминат како слободни играчи по истекот на нивните договори на 30. јуни. 

Од таборот на Манчестер јунајтед брифираа дека на нивната листа има шест имиња, помеѓу кои и ѕвезди од калибарот на Касемиро, Санчо и Тајлер Маласија.

За ангажман на тројцата беа инвестирани околу 150 милиони фунти, за Џејдон Санчо беа платени околу 73 милиони фунти, за Касемиро беа одвоени околу 63 милиони фунти, додека за трансфер на Тајлер Маласија беа потрошени околу 12 милиони фунти.

Сите тројца сега беспари ќе го напуштат „Олд Трафорд“ откако „ѓаволите“ одбија да им понудат нови договори, а во случајот на Џејдон Санчо, не сакаа ниту да ја активираат опцијата за додатни 12 месеци.

Покрај нив, беа пуштени и тројца играчи од академијата – Сони Алџофри, Џејмс Бејли и Малаки Шарп.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×