Како што пренесува АС, Жозе Мурињо за приоритет го поставил ангажманот на Матеуш Фернандеш од Вест Хем, фудбалерот од средниот ред има цена од преку 90 милиони евра.
„Специјалниот“ сака засилување за средниот ред, изминатиов период низ медиумите кружеа неколку ѕвездени имиња од типот на Витиња, Жоао Невеш, Енцо Фернандез и Родри.
Но како што пренесува АС, Жозе Мурињо на ум има друг играч и како приоритет ог поставил Матеуш Фернандеш од Вест Хем.
Двајцата делат ист агент, Жорж Мендеш, кој веќе работи на зделката, која во никој случај нема да биде лесна.
И покрај тоа што „чеканите“ испаднаа во втора лига, поставија висока цена за Португалецот и бараат најмалку 80 милиони фунти (нешто преку 90 милиони евра).
Манчестер јунајтед и Арсенал исто така пројавуваат сериозен интерес за услугите на Матеуш Фернандеш, и ова само дополнително може да ја зголеми неговата цена.