Канаваро лут на Американците: Таков однос имаа само кон нас (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Селекторот на фудбалската репрезентација на Узбекистан, Фабио Канаваро, јавно го изрази своето незадоволство од третманот што го добиле тој и неговите играчи по пристигнувањето во САД

Узбекистанската експедиција пристигна во САД во пресрет на настапот на големото натпреварување, а легендарниот италијански фудбалер откри дека биле подложени на дополнителни проверки кои, според него, не важеле за останатите селекции.

„Ни беше кажано дека тоа е стандардна процедура и дека важи за сите. Сепак, подоцна видовме дека такви проверки беа спроведени само врз нашата делегација“, изјави Канаваро, пренесува „Скај“.

Своето незадоволство го искажа и Игор Сергеев, стрелецот на единствениот погодок за Узбекистан во поразот од Холандија со 2-1, нагласувајќи дека досега никогаш не се соочил со сличен третман при патување на меѓународни натпреварувања.

За Узбекистан ова е историски настап, бидејќи селекцијата за првпат учествува на најголемата светска фудбалска сцена. Во групата И ќе се соочи со репрезентациите на Колумбија, Конго и Португалија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×