Запнаа преговорите помеѓу Интер и Аталанта за трансфер на Марко Палестра, клубот од Бергамо не сака да даде ниту едно евро попуст, па клубот од Милано размислува за трампа со Јувентус.
Интер е во потрага на нов десен бек откако Реал Мадрид реши да ја активира откупната клаузула на Дензел Дамфрис.
Прва желба на „нероаѕурите“ е младиот Марко Палестра од Аталанта, но клубот од Бергамо не сака да даде ниту едно евро попуст.
Интер ги отвори преговорите со предлог вреден 40 милиони евра плус бонуси, за втората понуда да биде вредна 45 милиони евра плус бонуси, односно блиску до 50 милиони евра.
Сепак, Аталанта инсистира да добие најмалку 50 милиони, или 55 милиони евра со се бонуси.
Останува да се види дали Интер на маса ќе стави и трета понуда, но одредени извори пренесуваат дека „нероаѕурите“ се подготвени за луда трампа со лутиот ривал Јувентус.
Интер ја разгледува опцијата за ангажман на Андреа Камбијасо, па за да не ја плати целата сума, подготвен е во Торино да го испрати Давиде Фратези, и да доплати одредена сума на пари.