Олисе со еврогол и хет-трик се загреа за Светското првенство! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Франција со победа ја заврши подготовката за Светското првенство, откако на домашен терен ја совлада Северна Ирска со 3-1. Главна фигура беше Мајкл Олисе кој ги постигна сите три гола и најави одлична форма пред стартот на Мундијалот.

Фудбалерот на Баерн прво погоди во 43. минута, а потоа уште двапати ја затресе мрежата во второто полувреме. Гостите во меѓувреме намалија преку Кели, но не успеаја да избегнат пораз.

Победа запиша и Холандија која во драматичен натпревар го совлада Узбекистан со 2-1. Коди Гакпо донесе водство од пенал во првото полувреме, а Узбекистан израмни во 92. минута преку Игор Сергеев откако „лалињата“ останаа со играч помалку.

Сепак, во самиот финиш Холандија доби уште еден пенал, а Гакпо беше прецизен за триумф од 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×