Комо без размислување одби 55 милиони од Астон Вила, бара високи 80 милиони за продажба

by bojan
1 минути читање

Астон Вила сака да го ангажира Мартин Батурина од Комо, на маса биле ставени помеѓу 50 и 55 милиони евра, но предлогот без размислување бил одбиен.

Комо имаше фантастична сезона во Серија А, стигна до топ 4 пред клубови како Милан и Јувентус, па неколку од момците на Сеск Фабрегас се во бележникот на големите клубови ширум Европа.

Како што пренесува Газета дело Спорт, Астон Вила пројавила интерес за Мартин Батурина и на маса биле ставени помеѓу 50 и 55 милиони евра.

Сепак, Комо без размислување го одбил предлогот, раководството на клубот испратило јасна порака трансфер ќе биде можен само за астрономска сума.

Според информациите, потребни се околу 80 милиони евра за репрезентативецот на Хрватска да биде продаден.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×