Клоп не го презема Реал Мадрид, но сега добил понуда која може да ја прифати?

by Стефан
1 минути читање

И покрај неодамнешниот демант од неговиот агент, Јирген Клоп наводно води преговори за преземање нова функција во саудискиот клуб Ал Итихад.

Оваа информација ја објави белгискиот експерт за трансфери Саша Таволиери, кој соработува со „Скај“, а според неговите сознанија, актуелниот директор за глобален фудбал на Ред Бул е отворен за преселба во Саудиска Арабија и веќе разговарал за можната соработка.

Само една недела претходно, агентот на Клоп, Марк Косике, ги отфрли ваквите шпекулации со кратка порака:

„Нема ништо од тоа“.

Сепак, според Таволиери, разговорите продолжиле и во текот на изминатиот викенд.

Саудискиот клуб наводно сака 58-годишниот Германец да го именува за технички директор, позиција од која би бил задолжен за трансфер-политиката и долгорочната стратегија на клубот.

Според истите извори, Клоп поставил услов да не ја напушти функцијата во Ред Бул пред почетокот на новата сезона и завршувањето на летниот преоден рок.

За разлика од најголемиот дел од европските лиги, трансфер-периодот во Саудиска Арабија започнува и завршува подоцна. =

Можно е и ова да ти се допаѓа

×