Њукасл подготвува 40 милиони евра за ангажман на Виктор Муњоз од Осасуна, младиот Шпанец треба да биде замена за Ентони Гордон, кој се пресели во Барселона.
Популарните „страчки“ се во потрага на засилување за крилната позиција откако го продадоа Ентони Гордон на Барселона во зделка вредна околу 80 милиони евра.
Како што пренесува Телеграф, Њукасл го идентификувал младиот Виктор Муњоз од Осасуна и се подготвени да платат 40 милиони евра.
22 годишниот Шпанец помина неколку години во школата на Барелона, а стигна и до првиот тим на Реал Мадрид, за оваа сезона да блесне во дресот на Осасуна.
Пред неколку месеци интерес за неговите услови пројави и Барселона, но зделката беше комплицирана со оглед на тоа дека Реал Мадрид има опција да го врати Виктор Муњоз во своите редови и „кралевите“ во никој случај немаа да дозволат момчето да заврши во редовите на лутиот ривал.