Како што пренесува Газета дело Спорт, Њукасл ја одредил цената на Сандро Тонали и ќе бара 100 милиони фунти (околу 115 милиони евра) за продажба на Италијанецот.
Манчестер јунајтед, Манчестер Сити и Арсенал ова лето сакаат да го засилат средниот ред, а едно име се наоѓаа во бележникот на сите три клуба – Сандро Тонали.
Италијанецот сака да ја промени средината откако Њукасл не обезбеди настап во Лигата на шампиони, па големи се шансите летово да направи трансфер.
Како што пренесува Газета дело Спорт, клубот од „Сент Џејмс Парк“ ја одредил цената и ќе бара 100 милиони фунти (околу 115 милиони евра).
ГДС додава дека оваа сума не ги исплашила Манчестер јунајтед, Манчестер Сити и Арсенал, но во моментов нема гаранции дека нивниот интерес ќе прерасне во конкретна понуда.