Германија беше принудена да направи промена во составот пред стартот на Светското првенство, откако Ленарт Карл отпадна од конкуренција поради повреда.
Младиот фудбалер на Баерн Минхен заработил скинат мускул за време на подготовките на репрезентацијата и ќе мора да паузира неколку седмици, поради што нема да може да настапи на Мундијалот. Карл наскоро ќе се врати во Минхен каде што ќе го продолжи опоравувањето под надзор на медицинскиот тим на Баерн.
Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман експресно реагираше и како негова замена го повика Асан Уедраого од Лајпциг.
Младиот играч за врска зад себе има солидна сезона во Бундеслигата, во која настапи на 19 натпревари и постигна четири погодоци. Добрите партии му донесоа повик во националниот тим, а сега ќе добие шанса да биде дел од германската селекција на претстојното Светско првенство.