Вака изгледа највозрасниот тим на Мундијалот, Роналдо, Меси и Џеко се во нападот (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Светското првенство почнува на 11 јуни со дуелот меѓу Мексико и Јужна Африка, а пред почетокот беше избран тимот на највозрасни фудбалери.

Во нападот секако се Лионел Меси (38) и Кристијано Роналдо (39) кои многумина ги сметаат за најдобри во историјата на фудбалот. Нивни партнер во нападот би бил 40-годишниот Един Џеко, кој е највозрасен меѓу тројцата.

Средниот ред го предводи уште еден освојувач на „Златната топка“, Лука Модриќ, кој на 40 години и понатаму е важна алка во својот национален тим. Покрај него, во идеалниот состав на ветераните се и Идриса Гана Геј (36) од Сенегал и белгискиот репрезентативец Аксел Витсел (37).

Одбранбената четворка ја сочинуваат искусните Јуто Нагатомо (39) од Јапонија, аргентинскиот стопер Николас Отаменди (38), Мајкл Босал од репрезентацијата на Нов Зеланд (37) и американскиот дефанзивец Тим Рим (38).

На голманската е шкотскиот чувар на мрежата Крег Гордон. Иако на шампионатот ќе настапат и прославени голмани како Мануел Нојер и Гиљермо Очоа, Гордон со своите 43 години и 162 дена ќе биде највозрасниот учесник на турнирот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×