Флорентино Перез вчера најави дека ќе понуди рекордни 150 милиони евра за новиот „галактико“, а како што пренесе Фабрицио Романо, желба на претседателот на Реал Мадрид е Мајкл Олисе од Баерн Минхен.
„Кралевите“ оваа недела одбираат нов претседател, и трката се вжешти изминативе денови откако Енрике Рикелме вети дека Ерлинг Халанд ќе го облече белиот дрес.
Како одговор, Флорентино Перез најави историски трансфер и понуда од 150 милиони евра за ангажман на нов „галактико“.
Тој не сакаше да открие име, па медиумите почнаа да шпекулираат и ги спомнаа Витиња и Жоао Невеш од ПСЖ.
Но како што пренесува Фабрицио Романо, желба на претседателот на Реал Мадрид е Мајкл Олисе.
И покрај тоа што самиот Флорентино Перез вчера рече дека „не е Олисе“, Фабрицио Романо вели дека ова било само обичен блеф, со цел да не се создаде тензија како онаа кога Енрике Рикелме го најави Ерлинг Халанд.
Како што наведува Романо, Флорентино Перез има три причини за една ваква зделка.
Како прво, тој е убеден дека играч од профилот на Мајкл Олисе ќе биде многу важен во системот на Жозе Мурињо, како второ, едно врвно офанзивно засилување како Французинот може дополнително да го подигне нивото на Мбапе и Винисиус Жуниор и да се создаде најсилниот напад во светскиот фудбал.
И како трето, Флорентино Перез верува дека Олисе ќе го има ефектот на „галактико“ засилување, првиот човек на Реал е прилично импресиониран од партиите што ги прикажал Мајкл Олисе оваа сезона.
Тој буквално се вљубил во играчот, не станува збор само за неговите фудбалски квалитети, туку и за карактерот и влијанието што го има врз тимот. Мајкл Олисе оваа сезона блескаше со голови и асистенции, а неговата смиреност и леснотијата со која игра оставиле силен впечаток кај Перез, кој особено го цени неговиот талент и харизма на теренот.