Тотнем едвај се спаси па тргна да троши пари, со 150 милиони му носи две засилувања на Де Зерби

by bojan
1 минути читање

„Спарси“ почнуваат да го кројат тимот за новата сезона, а едни од првите засилувања можат да бидат Јан Пол ван Хеке од Брајтон и Савињо од Манчестер Сити.

Тотнем до последното коло трепереше за опстанок во Премиерлигата, и откако го обезбеди својот статус во елитата, веднаш тргнува да троши пари.

„Спарси“ отвориле преговори со Брајтон за ангажман на Јан Пол ван Хеке, првата понуда била одбиена, но клубот од Северен Лондон е сериозен во намерата и разговорите прогресираат добро.

Се очекува двете страни во брзо време да си подадат рака, односно пред почетокот на Светското првенство и Холанѓанецот да направи трансфер вреден околу 80 милиони евра.

Тотнем прави прогрес и во преговорите со Манчестер Сити за ангажман на Савињо, кој беше трансфер желба и минатото лето.

Пеп Гвардиола тогаш ја стопираше зделката, но се очекува „граѓаните“ сега да дадат зелено светло за трансфер вреден околу 70 милиони евра.

ФОТО: X/Tottenham Hotspur

Можно е и ова да ти се допаѓа

×