Проблеми за Аргентина, играчот кој имаше спектакуларна сезона е под голем знак прашалник

by bojan
1 минути читање
Нико Паз

Проблеми за „гаучосите“ пред Светското првенство, младата ѕвезда Нико Паз е под голем знак прашалник и постојат реални шанси да го пропушти мундијалот во САД.

Нико Паз имаше спектакуларна сезона во дресот на Комо, но се повреди во претпоследното коло, опоравувањето не оди според планот, па младото момче е под голем знак прашалник за Светското првенство.

И покрај тоа што првично се веруваше дека повредата на коленото не е сериозна, но последните информации не се толку охрабрувачки.

Оптимизмот во таборот на Аргентина полека се претвора во загриженост, состојбата ќе се следи од ден на ден, и во моментов неговиот статус за мундијалот е означен како „неизвесен“.

Доколку Нико Паз биде принуден да го пропушти Светското првенство, најсериозен кандидат за негова замена е Емилијано Буендиа од Астон Вила.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×