Трагедија во Грузија: На 41-годишна возраст почина поранешен репрезентативец

by 24 фудбал
1 минути читање

Грузискиот фудбал е завиен во црно по веста за смртта на Џаба Двали, поранешен репрезентативец и еден од најпознатите напаѓачи во домашното првенство. Тој починал ненадејно на 41 годишна возраст како последица на срцев удар.

Двали остави длабока трага во грузискиот фудбал, настапувајќи за неколку клубови во својата кариера, а најголем белег остави во редовите на Зестафони и Динамо Тбилиси. Со своите голови и настапи беше меѓу најистакнатите играчи во шампионатот, каде што четирипати ја освојуваше титулата, а во две сезони беше и најдобар стрелец на лигата.

Во националниот тим на Грузија дебитираше во 2012 година и запиша еден официјален настап. По завршувањето на играчката кариера во 2022 година, Двали остана активен во фудбалот. Работеше на развојот на младите категории и извршуваше раководни функции, меѓу кои и директор на младинската академија на Зестафони.

Неговата ненадејна смрт предизвика бројни реакции во грузиската спортска јавност, која се простува од човекот што со години беше препознатливо име на домашната фудбалска сцена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×