90
Фудбалската репрезентација на Македонија успешно слета во Скопје откако претходно поради технички проблеми со авионот мораше да се врати во Истанбул.
Фудбалерите доживеаа вистинска драма откако првиот лет кон Скопје им беше неуспешен. Откако авионот полета од Истанбул, направи круг и по барање на пилотот се врати на турскиот аеродром.
Македонската експедиција мина неколку часа на аеродромот чекајќи да биде извршена проверка на авионот и да бидат поправени недостатоците.
Откако добија зелено светло, авионот повторно полета од Истанбул и успешно слета во Скопје. Македонската репрезентација се врати дома.