Џеко со емотивна порака: Благодарни сме за поддршката против Македонија и на тренингот…

by 24 фудбал
1 минути читање

Един Џеко испрати емотивна порака до навивачите на Босна и Херцеговина пред заминувањето на Светското првенство, заблагодарувајќи се за огромната поддршка која репрезентацијата ја доби во изминатите денови.

Искусниот напаѓач истакна дека атмосферата во Сараево и поддршката на пријателскиот натпревар против Македонија оставиле силен впечаток врз сите репрезентативци.

Додека полека се подготвуваме за патот кон Светското првенство, чувствувам потреба да ви кажам едно големо благодарам. Благодарам за секој момент на љубов што го почувствувавме овие денови во Сараево. Благодарам за поддршката што ни ја дадовте на натпреварот против Македонија, за атмосферата што ја создадовте, за енергијата што ја донесовте и за љубовта што ѝ ја покажавте на оваа репрезентација“, напиша Џеко.

Посебно се осврна и на отворениот тренинг на „Грбавица“, каде голем број навивачи дојдоа да ги поздрават репрезентативците пред големиот турнир.

Благодарам и на сите што дојдоа на отворениот тренинг на Грбавица. Погледот од теренот кон полните трибини и толку многу насмеани лица е нешто што долго ќе го носиме со себе. Не е мала работа да ја претставуваш Босна и Херцеговина на најголемата светска фудбалска сцена. За мене лично, да бидам дел од оваа приказна и по вторпат да го носам дресот на својата земја на Светско првенство е голема чест, но и одговорност што ја чувствувам секој ден“.

Џеко порача дека фудбалерите се свесни колку репрезентацијата им значи на навивачите и најави максимална борба на Мундијалот.

Знаеме од каде доаѓаме, знаеме колку на луѓето во Босна и Херцеговина им значи оваа репрезентација и токму затоа ќе дадеме сè од себе за да ве направиме горди. Пред нас е остварување на сон што долго го чекавме. Одиме заедно, како и секогаш. Вие со нас, а ние за Босна и Херцеговина. Се гледаме на Светското првенство“, порача капитенот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×