Мурињо и Реал се засилуваат од Интер, го меркаат играчот кој „виси“ секое лето

by bojan
1 минути читање

Голем број на извори пренесуваат дека Реал Мадрид опипал терен за ангажман на Дензел Дамфрис, кој има откупна клаузула од само 25 милиони евра.

„Кралевите“ на 7. јуни ќе избираат нов претседател, Флорентино Перез за прв пат ќе има противкандидат во името на бизнисменот Енрике Рикелме, но се очекува да остане на чело на клубот.

Неговиот план е да го донесе Жозе Мурињо на клупата на првиот тим, и веќе се крои тимот за новата сезона.

Последните информации велат дека едно од првите засилувања за „специјалниот“ може да дојде од Интер.

Голем број на извори пренесуваат дека Реал Мадрид опипал терен за ангажман на Дензел Дамфрис.

Холанѓанецот секое лето „виси“ со оглед на тоа дека има откупна клаузула (за клубови надвор од Италија) вредна само 25 милиони евра, сума која е смешна за играч од негов калибар во денешно време.

Интер веќе се подготвува за заминување на десниот бек и го идентификуваше младиот Марко Палестра како еден од приоритетите на трансфер пазарот ова лето.

За негов ангажман ќе бидат потребни околу 50 милиони евра, и половина од оваа сума може да дојде токму од продажбата на Дензел Дамфрис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×