Македонската фудбалска репрезентација доживеа тежок пораз на гостувањето кај Турција во пријателски натпревар, загубивме со убедливи 0-4, ова беше и четвртиот меч по ред под водство на селекторот Гоце Седлоски на кој не постигнуваме гол.
Во Истанбул се случи еден од најтешките порази на пријателски натпревар на Македонија, дури четири пати ја вадевме топката од нашата мрежа.
Дека Турците ќе бидат многу опасни најави Кокчу уште во десетата секунда кога ја погоди пречката од голот на Димитриевски. Но, само две минути подоцна истиот играч даде гол за водство на домаќините од 1-0.
Не се чекаше многу на вториот погодок на Турците, во 16. минута Узун реализираше за предност и од 2-0.
Селекторот Монтела мечот го почна со вториот тим, па овој резултат за толку кратко време изгледаше многу лошо за нашата репрезентација.
Сепак како одминуваше времето воспоставивме некаква рамнотежа и почнавме да напаѓаме, добар обид од далечина имаше Атанасов, за жал крај голот.
Третиот гол на Турците беше постигнат по осум минути игра во второто полувреме кога Ѓул погоди со глава за предност од 3-0.
Точка на мечот стави Јилмаз по една одлична акција на домашните фудбалери, погоди во 70. минута за конечни 4-0.
По овој меч Турција патува во САД на Светското првенство, а македонските фудбалери одат на одмор. Следниот наш предизвик ќе биде во Лигата на нации.