Флик кажал ДА, но Барса ќе треба да продаде двајца фудбалери за да го добие следното засилување

by bojan
1 минути читање

Тренерот на Барселона, Ханси Флик кажал ДА за ангажман на Бернардо Силва, но за да се комплетира зделката, „каталонците“ ќе треба да се ослободат од двајца фудбалери.

Бернардо Силва е многу блиску до потпис со Барселона, откако агентот Жорж Мендеш успеа да ги убеди Жоан Лапорта и Деко, зелено светло кончено дал и тренерот Ханси Флик.

И покрај тоа што „каталонците“ имаат голем број на квалитетни играчи во редот за врска, ангажманот на Бернардо Силва е шанса што не треба да се пропушти поради неговото искуство, фудбалска интелигенција, квалитет и сестраност.

Но пред да се комплетира зделката, Барселона ќе треба да се ослободи од двајца фудбалери – на излезна врата се Марк Касадо и Руни Бардгџи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×