По освојувањето на титулата во Премиер лигата, играчите на Арсенал славеа со навивачите на голема парада низ улиците на Лондон, а една од најсилните пораки ја испрати Деклан Рајс.
Англискиот репрезентативец им се обрати на присутните навивачи и порача дека „топчиите“ немаат намера да застанат на една титула.
„Ни се смееја. Сега веќе не се смеат. Го сакам овој тим и овој тренер. Неверојатно е да се види колку радост можеме да им донесеме на луѓето. Но следната сезона се враќаме по уште. Или сте со нас, или тргнете ни се од патот“, изјави Рајс.
Стотици илјади навивачи ги преплавија улиците во северен Лондон за да ја прослават првата шампионска титула на Арсенал по 22 години. Фудбалерите со отворени автобуси минаа низ осум километри долга рута, поздравувајќи ги фановите кои масовно излегоа да го поздрават шампионскиот тим на Микел Артета.