Србија доживеа тежок пораз од Зеленортските Острови со 3-0 во пријателскиот натпревар одигран во Лисабон, а селекторот Вељко Пауновиќ не го криеше разочарувањето по натпреварот.
Пауновиќ оцени дека неговата селекција одиграла меч за заборав и призна дека резултатот е многу болен, особено поради начинот на кој се развивал дуелот во второто полувреме.
„Во второто полувреме стоевме најдобро на теренот и создадовме добри шанси. Имавме и статива која можеше да го однесе натпреварот во посакуван правец, но наместо тоа примивме гол. Бевме свесни за опасните транзиции на ривалот, а кога ја загубивме структурата во играта и се отворивме во нападот, ја плативме цената со вториот гол“, изјави Пауновиќ.
Сепак, српскиот селектор верува дека репрезентацијата ќе извлече поуки од овој тежок пораз.
„Момците покажаа голема пожртвуваност и дадоа сè од себе. Треба да работиме на меѓусебното запознавање и на тактичката дисциплина. Ни недостигаше зрелост, но нема потреба од паника. Мора да продолжиме понатаму. Минуваме низ тежок период и сега е време да ја наведнеме главата и да работиме уште посилно за да излеземе од оваа ситуација“, порача Пауновиќ.